СТРАШНО: Дошла на распуст кај баба – ДЕВОЈЧЕ (13) настрада на ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА, обидувајќи се да направи селфи

Девојка (13 години) која синоќа се обидела да се качи на еден од вагоните на Железничката станица Рума, е во животна опасност.

Девојчето настрадало при струен удар кога се обидела да направи селфи на еден од вагоните, јавуваат очевидци.

Според неофицијални информации, повреденото девојче дошло во Рума од странство за да го помине летниот одмор кај нејзината баба.

Родителите на девојчето биле во странство, а за време на несреќата било во придружба на две други девојчиња на иста возраст.

Лекарите се борат за нејзиниот живот и приближно 35 отсто од телото е зафатено со изгореници, потврдија во Клиничкиот центар во Војводина.

Според други медиуми, и од Инфраструктурата на српските железници известиле дека две девојчиња на возраст од околу 13 години ја преминувале пругата на недозволено место, преку пругата кај станицата Рума.

Неофицијално дознаваме дека едно од девојчињата се обидело да се качи на вагонот за да направи селфи и така се случила несреќата.

Повредената девојка синоќа околу 19 часот со брза помош била пренесена во Општата болница во Сремска Митровица.

Од ПР службата на болницата ни потврдија дека по направените дијагностички прегледи и високиот степен на изгореници, во придружба на анестезиологот, девојчето е пренесено во Клиничкиот центар Војводина, Итна детска хирургија. Таму денеска ни рекоа дека детето е во животна опасност.

Инаку, ова не е прв случај на ваква повреда. Минатата година во август 17-годишен млад човек од Шабац направил селфи на вагон на Железничката станица во Рума, па го удрила струја.

Според официјалната статистика, пет до шест млади луѓе годишно умираат како последица на струен удар по качување по вагони.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!