Иако ПОБЕДИЈА, Евровизија НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ во Украина – ЕВЕ која ЗЕМЈА ќе биде домаќин на овој натпревар

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организаторот на Евровизија, објави дека е во преговори со украинскиот јавен радиодифузер UA:PBC за тоа како ќе го одржи настанот откако оркестарот Калуш победи оваа година.

Сепак, се наведува дека по разгледување на прашањето за безбедноста во земјата, која во моментов е во војна со Русија, не постои можност настанот да се одржи таму.

Наместо тоа, ЕБУ соопшти дека ќе разговара со Би-Би-Си за одржување на настанот во Британија, откако Британецот Сем Рајдер заврши на второто место.

Еве што соопшти ЕБУ, а пренесе „Дејли Меил“:

„По победата на оркестарот Калуш на Изборот за песна на Евровизија (ESC) во мај, ЕБУ ги истражуваше опциите за домаќин на натпреварот следната година со украинскиот јавен сервер UA: PBC, кој претходно ги организираше настаните во 2017. и 2005 година….

Евровизија е една од најкомплексните ТВ продукции во светот со илјадници лица кои работат на настанот и потребни се 12 месеци за подготовка….

По објективна анализа, Референтната група, Управниот одбор на ЕСС, со длабоко жалење заклучи дека, со оглед на сегашните околности, безбедносните и оперативните гаранции што треба да ги задоволи радиодифузерот за да биде домаќин, за да го организира и продуцира натпреварот Евровизија според правилата на ЕСС, УА:ПБЦ не ги исполнува.

Како резултат на оваа одлука, во согласност со правилата и со цел да се обезбеди континуитет на настаните, ЕБУ сега ќе започне разговори со Би-Би-Си, со оглед на овогодинешниот вицешампион, потенцијален домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година да биде Обединетото Кралство“.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!