понеделник, 15 август, 2022

Зградата на српското Министерство за надворешни работи евакуирана поради…

Седиштето на Министерството за надворешни работи на Србија во Белград е евакуирано поради дојава за поставена бомба.

Според медиумите, дојавата за бомбата дојде по средба и изјава за пресот на министрите за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на Србија, Никола Селаковиќ.

По заминувањето на делегациите, зградата на министерството е евакуирана.

Претходно изутринава, неколку училишта низ Србија од Ваљево, Краљево, Белград, Косовска Митровица, Ниш, Пожаревац, Зајечар, Ужице, Јагодина, Чачак, Крушевац и Зрењанин добиле пријави за подметнати експлозивни направи, соопшти српското Министерство за образование.

Според процедурата, објектите се евакуирани, а учениците ќе бидат вратени на настава кога полицијата ќе изврши увид и ќе утврди дека објектите се безбедни, се вели во соопштението.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!