Маржите намалени, цените исти – ЌЕ ИМА ЛИ ЕФЕКТ владината мерка?

Намалените маржи не ги поевтинија основните прехранбени производи. Граѓаните велат – и денеска пазарат по исти цени. Најавеното намалување никаде го нема. Само мал дел од маркетите ги спуштија цените на лебот, шеќерот и јајцата за денар, 2 до најмногу 3. Маслото за јадење, брашното и макароните се продаваат по стари цени.

Подрастично намалување ќе има од утре, уверува министерот за економија Бектеши. Одлуката за замрзнување на маржите на 5 и 10% кај основните прехранбени производи денеска е објавена во Службен весник. Дистрибутерите попладнево треба да ги достават производите со пониски цени. Вели дека енормните маржи од 70% кај дел од продуктите биле нереални, затоа што влезните, оперативни трошоци не им биле зголемени.

Одлуката за замрзнување на маржите ќе трае да септември. Не се исклучува можноста листата производи да биде проширена. Целта со оваа мерка е да се спречи растот на цените на основните прозивдои и да се заштити стандардот на граѓаните. Вчера опозициските партнери побараа од Владата, ако навистина се грижи за граѓаните, да се откаже од дел од акцизата кај горивата и да го намали ДДВ за дел од производите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!