понеделник, 15 август, 2022

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПУТИН? – МОРАЛ ДА ДОБИЕ ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, пренесуваат британски медиуми

Британски таблоиди пишуваат дека лекари го советувале рускиот претседател Владимир Путин да избегнува долготрајни јавни настапи откако, според нивните оценки, бил видно болен за време на разговорите со неговите генерали.

Таблоидите се повикуваат на извор близок до Кремљ, додека водечките светски медиуми и натаму ја немаат пренесено оваа вест, која не е проверена.

Путин, наводно, почувствувал остра болка, слабост и несвестица додека станувал од масата за време на неодамнешна видео-конференција која траела час и половина.

„На претседателот му беше укажана итна медицинска помош“, изјавил изворот кој повторил дека Путин има здравствени проблеми, вклучително и рак и Паркинсонова болест, пишува „Дејли мејл“ за овие непотврдени информации, кои ги пренесоа и други таблоиди. Рускиот претседател вчера се сретна со млади претприемачи, при што се спореди со рускиот цар Петар Велики и им се закани на соседните земји. Тој изгледаше добро за време на тој говор. Исто така, денеска се одржува прес-конференцијата меѓу Путин и претседателот на Туркменистан.

„Дејли мејл“ се оградува и истакнува дека овие тврдења е невозможно да се проверат, но меѓу западните лидери расте верувањето дека Путин боледува од разни болести. Британскиот таблоид пренесува и претпоставка дека инцидентот со вртоглавицата на Путин е причина за овонеделната ненадејна објава дека неговата традиционална годишна маратонска прес-конференција во живо, на која претседателот одговара на прашања на граѓаните, е одложена без нов датум.

„Одложување на неодредено време поради нестабилното здравје на Владимир Путин. Пред една недела претседателот се подготвуваше да одговора на прашањата на руските граѓани кон крајот на јуни или почетокот на јули. Но, лекарите го советувале во блиска иднина да не се појавува долго во јавноста“, наводно изјавил генерал од руската разузнавачка агенција (СВР).

Коментари

коментари

error: Content is protected !!