Се најавуваат мерки против ценовните шокови – Бектеши ги повикува граѓаните да пријавуваат

Се најавуваат нови мерки со цел контролирање на „напумпаните“ цени на прехранбените продукти. Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа во гостување на „Телма“ рече дека одговорност за поскапувањето треба да сносат и трговците. Тој ги повика граѓаните да пријават доколку забележат дека има енормно зголемување на цените.

Пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека има компании кои се обогатуваат на грбот на граѓаните во време на криза.

И директорката на УЈП, синоќа најави мерки против големото зголемување на цените.

Прехранбените продукти во земјава добија нови повисоки цени откако истече владината мерка за купување без ДДВ и замрзнување на трговската маржа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!