Си дале 41 автогол , изгубиле си 59:1 и доживотно се исфрлени од фудбалот

Дури четири клуба од четвртата лига во Јужноафриканската Република се доживотно исфрлени од фудбалот поради местење натпревари.

Проблемите со местење натпревари се толку широко распространети и сложени што властите одлучиле да започнат работилници за едукација на тренери, судии и делегати.

Два крајно сомнителни резултати се виновни за ескалацијата на борбата против местењето во фудбалот. Ним им понудиле борба од ривалите од врвот на првенствената табела Матијаси и Шивулани за титулата во четвртата лига на Јужна Африка. Во двата натпревари, на кои настапиле одвоено, се случиле работи кои биле необјасниви на ниту еден законски начин.

Шивулани ги совладале Котоко Хепи Бојс со 33:1 доцна во мај и со тоа стекнале голема предност во борбата за титулата по гол разлика, но стигна одговорот од големите ривали. Во пресрет на последното коло од сезоната, Шивулани биле на врвот со три бода предност и 16 гола повеќе.

Матијаси го прескокна победувајќи го третопласираниот Нсами Мајти Брдс со 59-1. Овие бизарни резултати на крајот не им донесоа ништо бидејќи четвртопласираната гавула Класик е прогласен за шампион откако три подобро пласирани екипи се суспендирани. Треба да се напомене дека Нсами постигна дури 41 автогол, а натпреварот го заврши со само седум играчи на теренот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!