Потрошувачката кошничка во мај се искачи на 38.791 денар

На двајца вработени, со две деца, кои земаат минимална плата од 18,000 денари, месечно им недостасуваат скоро 2.800 денари за да преживеат. Синдикатот пресмета нов пораст на потрошувачката кошница во мај. Само за задоволување на основните месечни потреби им биле потребни 38.791 денари, што е над 4.600 денари повеќе во споредба со истиот месец лани.

Куповната моќ паѓа, трошоците за живот растат, а платите не го следат трендот. Затоа ССМ бара покачување за сите вработени во јавниот и приватниот сектор за 2,806 денари. Во спротивно најавија генерален штрајк на 22 овој месец.

Експертите велат дека платите ја губат трката, секој месец вредат многу помалку. Затоа бараат владината помош да продолжи.

За овој и наредниот месец се стравува дека бројките ќе бидат повисоки, а потоа ќе следи стабилизирање и пад на цените. Од Владата најавија дека до крајот на неделава ќе соопштат дали и какви нови мерки ќе има.

Од утринава, горивата во Хрватска поевтинија, затоа што Владата го намали износот на трошарина за горивата и ја лимитира маржата за трговците и дистрибутерите.

Инаку, Светска банка денеска ја намали прогнозата за раст на глобалната економија од априлските 3,2 на 2,9%, а на нашата земја ја спушти на 2,7%.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!