Контроверзниот претседател на Славија Софија, Венцислав Стефанов повторно провоцира по мечот меѓу Македонија и Бугарија (1-1).
Стефанов кажа дека има потекло од Битола, а Македонија за него е бугарска провиција, односно југозападна Бугарија.
„Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец, туку Бугарин. Тоа што треба да го знаат сите патриоти е дека Македонија е само југозападна Бугарија. Мислам дека на мечот со нив нè оштети судијата и ни ја украде победата“, кажа Стефанов.