Потпретседателот на либералната интернационала, Емил Кирјаз гостуваше во „Click Plus“ на „ТВ21“ и кажа дека Бугарија со нејзината политика ја тера Македонија да го гледа српскиот претседател Александар Вучиќ како единствен пријател.
„Бугарската политика ја прави Македонија од Северна во Српска Македонија и дава простор на политиката на Вучиќ да се наметне, па сите во него да гледаат како единствен пријател“, кажа Кирјаз.
Кирјаз, исто така, кажа дека многу ретко кој разбира што сака Бугарија да постигне со спорот кон Македонија.