Милан доби нови сопственици – продаден е за 1,3 милијарди евра

RedBird ги потпиша сите документи потребни за преземање на клубот, а зделката ќе биде официјално објавена во следните 24 часа, пренесува La Gazzetta dello Sport. Договорите со кои Милан премина од сопственост на Елиот во сопственост на RedBird ги потпиша Гери Кардинале, главниот човек и основач на американската компанија.

Откако Силвио Берлускони го продаде на кинескиот милијардер Ли Јонгхонг во 2018 година, Милан минува низ турбулентен период кога се во прашање финансиите. Елиот го купи откако кинеската инвестиција пропадна и го направи Милан шампион на Италија со стабилен буџет, но и материјал за продажба, што беше целта од самиот почеток.

Да потсетиме, Елиот е фонд што клубот го купи во 2019 година за нешто помалку од 90 милиони евра, а сега го продаде RedBird мнозинскиот удел во клубот за 1,3 милијарди евра и сепак успеа да задржи 30% од акциите во негова сопственост.

Претходно за Милан беше заинтересиран Инвесткорп, инвестициски фонд од Бахреин, но на крајот токму американската компанија ги задоволи апетитите на Елиот и доби можност, според Газета, да го води европскиот гигант во нова ера.

Првата задача на новите сопственици е да обезбедат функционирање на постоечката структура на клубот, а тоа ќе го направат така што на директорите Паоло Малдини и Рики Масари ќе им понудат нови, подобрени и долгорочни договори.

Покрај тоа, една од главните цели е што поскоро да се започне приказната за изградба на нов стадион бидејќи новите сопственици сметаат дека тоа е предуслов за раст на Милан во иднина и не се заинтересирани да инвестираат во Сан Сиро или некои алтернативни опции.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!