понеделник, 15 август, 2022

Макрон сите барања на Бугарија ќе ги вметне во преговарачката рамка, објави БГНЕС

Кирил Петков и Румен Радев ќе патуваат за Франција каде ќе остварат средба со претседателот Емануел Макрон.

Во текстот на БГНЕС се вели дека Макрон ќе претстави некој рамковен текст, кој треба да биде гаранција за Бугарија за да го подигне ветото. Според БГНЕС, Макрон ветил дека СИТЕ барања на Бугарија ќе бидат вметнати во преговарачката рамка што е спротивно на Копенхашкиот Договорор.

Дополнително ќе се засили цензурата од страна на Бугарија за новинари, научници, историчари политичари и тоа од двете страни на границата!

„Ова практично значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да западнеме во децениски спор, бидејќи секоја од земјите-членки ќе може да блокира каква било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор и не сакаме турска верзија“, изјавил еден од учесниците за БГНЕС.

Целосна забрана за коментирање на Македонија

На крајот на состанокот беше донесена одлука во следните две недели „никој да коментира или да заземе став за прашањето за Македонија“. За ова прашање најмногу треба да молчат претставниците на МНР. Првите коментари треба да се дадат откако предложениот текст ќе биде силно објавен и силно поддржан од самото МНР. Во исто време, сите претставници на различните политички партии кои учествуваат во владата ќе тврдат дека „нема назадување по прашањето за Македонија и ќе бидат заштитени националните интереси на нашата земја“.

Институционален притисок

На средбата било договорено секое поинакво мислење и став за ова прашање на политичарите, научниците, историчарите, новинарите да биде „нападнат што побрзо и со тешки политички обвинувања“. Еден од нив дури се пофали на крајот на средбата пред некои од учесниците дека „лично се справувал со непослушен“ и можел да нареди да се наклевети секое лице од двете страни на границата“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!