Реал Мадрид е новиот ЕВРОПСКИ ШАМПИОН

Реал Мадрид со гол на Винисиус со 1-0 го победи Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, Тибо Куртоа имаше маестрален меч и не им дозволи на црвените да го совладаат.

Реал Мадрид по вторно е на тронот на Европа, 14. континентална круна за кралскиот клуб откако во финалето го совладаа Ливерпул.

Црвените од Енфилд бараа одмазда за поразот во финалето во 2018 година, но не ја добија, Реал Мадрид повторно беше поуспешен.

Клучниот момент се случи во 59. минута кога по асистенција од Валверде, Винисиус постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0, кој се покажа и како победнички.

Ливерпул имаше повеќе шанси на мечот, но Реал Мадрид го имаше Тибо Куртоа кој правеше чуда на голот.

Голманот на Реал Мадрид имаше неколку страшни интервенции и тој е главниот херој во оваа победа во финалето од Лигата на шампионите.

Извор: 24fudbal.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!