Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во разговорот Путин ги информирал Макрон и Шолц дека руската страна е отворена за продолжување на дијалогот со украинската страна.
Претседателот нна Русија воедно ги предупредил Макрон и Шолц колку е опасно да се „пумпа“ Украина со оружје од Запад.
Тоа, како што рече, води кон дестабилизација на ситуацијата. Тој со соговорниците разговараал и за специјална воена операција во Украина, нагласувајќи дека руските сили строго го почитуваат хуманитарното право.
Францускиот претседател макрон и канцеларот Шолц од Путин побарале ослободување на 2500 борци од Азовстал, кои беа заробени во челичарницата Азовстал во Мариупол.
Извор: Канал 5