СТРАОТНА сообраќајна НЕСРЕЌА во близина на мостот кај Влае: ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ се маж и жена, пренесени се во Болница

Во страотен судир на два автомобила, од кој едниот бил „Фиќо“, попладнево во скопската населба Влае се тешко повредени маж и жена, кои биле итно префрлени во болница, објави порталот Скопје1.

Според информациите од очевидци, несреќата се случила во непосредна близина на „Влајко“ и мостот „Обединети нации“.

Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.

Маж и жена се во бесознание по тешка сообраќајка која се случи во Влае, пред мостот „Обединети нации“. Според првичните информации станува збор за судир меѓу возила. Очевидци велат дека судрени се две возила, од кои едното е „Фиќо“.

Први на помош истрчаа очевидците на настанот кои се обидуваа да им помогнат на мажот и жената. По нив, дојде и Брза помош. Лицата кои им се обидоа да помогнат, велат дека жената тешко реагирала, а мажот можел да мрда.

„Скопје 1“ се обрати и до МВР од каде се очекуваат детали за страшната несреќа.

Извор:skopje1.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!