Просечната нето ПЛАТА во март 31.080 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 процент).

Коментари

коментари

error: Content is protected !!