НАЈБИЗАРНАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Се омажила за затвореник осуден на 24 години, кого никогаш не го видела

Вистинската љубов не познава граници и препреки. Тоа го докажала Најоми Окендо (27) од Манчестер, Велика Британија, која се омажила за човек кој никогаш не го запознала во живо, пишува „Сан“.

Имено, Најоми е во брак со Американецот Викор (29) кој издржува 24-годишна затворска казна во американски затвор. Нивната неконвенционална љубовна приказна започнала кога таа прва му се јавила на сегашниот сопруг во јуни 2020 година, откри Најоми во видеото на ТикТок. Во тоа време таа првенствено барала блиско пријателство исклучиво преку пораки и не откривала како изгледа, каде живее, со што се занимава и сл.

Само три часа подоцна, Виктор и одговорил. Во пораката тој веднаш и дал комплимент и објаснил дека бил само жртва на несреќни околности. Тврдел дека мајка му била зависник, но дека била трезна последните десет години. Неговиот татко исто така бил во затвор десет години, а починал три месеци откако бил ослободен.

“Сè што знам и правам го научив сам. Не знаев да читам ниту да пишувам и уште многу! Но сега знам како да го правам сето тоа”, открил Виктор, кој е тату-мајстор, бербер и фризер.

Тажна животна приказна

Повеќе од десет години сум во затвор, а со добро однесување ми остануваат уште седум години!“, истакнал тој.

Растејќи, поминувал многу време во згрижувачки семејства, спиејќи на клупи во паркот и во напуштени куќи.

„Кога имал 18 години, наводно бил нападнат од непријателска банда, па пукал со пиштол, што резултирало со двојно убиство и обвинувања за нелегално поседување оружје“, открила Најоми во нејзиното видео.

Откако дознала за неговите злосторства, таа решила да покрене петиција за помилување на нејзиниот сопруг.

„Не само што неговиот случај беше неправеден, туку тој сега е 30-годишник кој научил од своите грешки и само сака втора шанса за нов живот“, рекла таа и додала дека се променил и веќе не сака да се врати на криминалот и бандите.

Најоми и сопругот едвај го чекаат денот кога конечно ќе се сретнат во живо.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!