Повеќе лица повредени во тешка сообраќајна несреќа

Осум лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале три возила: „Мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управуван од Х.Б.(26) од с.Колари, „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки управуван од Л.А.(76) од с. Зајас и „Рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.И.(52) од Скопје.

-По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!