ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи: ЕВЕ кои се следните чекори – Опозицијата ИЗЛЕГУВА на голем народен протест на 18 јуни

Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва соопшти дека партијата преку Извршниот комитет заеднички одлучила да организира голем народен протест, кој ќе се одржи на 18-ти јуни.

-Одлучено е и да продолжи активната блокада во Собранието, но ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори во периодот што ќе следи.

Подаваме рака и испраќаме порака за обединување до сите, напатениот народ на Македонија. Молкот не е опција. Протест за промени.

Власта не сака дијалог со опозицијата и поради тоа сме приморани. Протестот е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат.

Време е да се обедниме, кажа Муцунски пред новинарите после состанокот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, потребно е народот да го покаже ставот кон Владата, што би било дополнителен импулс за предвремени парламентарни избори.

-Една од тезите дека изборите трошат многу време. Ние понудивме отфрлање на техничката влада како услов за парламентарни избори.

Согласно роковите, ние можеме да организираме избори за помалку од два месеци. Не сметам дека оставањето на актуелната влада е подобра состојба од тоа да имаме предвремени избори, додаде Муцунски.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!