ТЕШКА НЕСРЕЌА: 7 годишно девојче од Македонија се БОРИ ЗА ЖИВОТ откако автомобил со македонски таблички се преврте во Србија

Хрватски државјанин (56) загинал на лице место при несреќата кај Ковиљ кај Нови Сад, додека неговите сопатници, две жени и две деца, сите македонски државјани, се пренесени во новосадскиот Ургентен центар на Клиничкиот центар Војводина и Институтот за здравствена заштита на деца и млади на Војводина. Според „Блиц“, лекарите се борат за животот на повреденото седумгодишно девојче и една жена.

Ова за „Блиц“ го потврдија надлежните од Заводот за итна медицинска помош, чии лекарски екипи од две амбулантни возила за рекордно време пристигнале на лице место, заедно со полицијата и противпожарната единица, кои ги извлекле повредените од уништението автомобил.

– Медицинските екипи можеа само да констатираат смрт на постар маж кој починал на лице место додека една повозрасна жена е пренесена во несвест во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина на реанимација заедно со уште една 32-годишна жена која била свесна. Во незгодата повредени се 7-годишно девојче и 10-годишно момче кои се пренесени во Новосадскиот Завод за здравствена заштита на деца и младинци за понатамошна дијагностика, велат во Заводот за итна медицинска помош.

Од Заводот за здравствена заштита на деца и младинци за „Блиц“ велат дека седумгодишно девојче е во животна опасност, додека десетгодишно момче, за кого српските медиуми соопштуаат дека неофицијално е брат на повреденото девојче, е надвор од животна опасност.

– Девојчето е во операционата сала каде лекарите се борат за нејзиниот живот бидејќи се здобила со повреди на главата и има внатрешно крварење, додека момчето по детален преглед и дијагноза било констатирано дека е добро и има полесни повреди во вид на набиеници, велат за „Блиц“ одговорни лица од Заводот за здравствена заштита на деца и младинци од Војводина.

Од ПР службата на Клиничкиот центар на Војводина за „Блиц“ велат дека во Ургентниот центар се примени две жени со тешки телесни повреди во вид на повеќекратни трауматски повреди на главата и телото.

– По првичните процедури за реанимација, спроведена дијагностика и оперативно лекување, еден пациент е во тешка општа состојба, хемодинамички нестабилен и е сместен во Ургентниот центар КЦВ. На уште еден пациент моментално му се констатирани и згрижени повреди – рекоа накратко во Клиничкиот центар во Војводина.

Како што веќе објави „Блиц“, несреќата се случила денеска околу 11.50 часот на автопатот Е-75 Белград – Нови Сад, кога автомобил „пежо“ со македонски регистарски ознаки, во кој биле загинатиот возач и повредените лица излетал од патот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!