Две лица тешко повредени во две сообраќајни несреќи

На 13.05.2022 во 17.10 часот на ул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од С.М.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, управуван од М.Н.(23) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата М.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Камион удрил во пешак

На 13.05.2022 во 07.15 часот кај бензинска пумпа на ул.„15. Корпус“, товарно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(29) од Скопје удрило во пешак А.К.(56) од Скопје.

Во несреќата А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!