СТРАШНА ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ ВЕЧЕРВА: Дете на возраст од три години паднало и се удавило во реката Буна кај Мостар

Во населеното место Благај, кое се наоѓа јужно од босанскиот град Мостар денеска се случила трагедија кога тригодишно дете паднало во реката Буна и се удавило, потврдија за порталот „Аваз“ од МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Според првите информации, станува збор за момче кое граѓаните се обиделе да го спасат, но за жал не успеале.

Екипа на Брзата помош дошла на местото на настанот, па откако детето било извлечено од водата, се обиделе со реанимација, но и покрај напорите можеле само да констатираат смрт.

Во тек е увид на лице место, а повеќе детали ќе бидат познати подоцна.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!