epa09456928 A forensic scientist investigates at the fire site at a hospital for Covid-19 patients in Tetovo, Republic of North Macedonia, 09 September 2021. At least fourteen deaths have been reported by Ministry of Health when a fire, thought to have been triggered by oxygen cylinders that provide oxygen to patients with a more severe clinical case of Covid-19, broke at the hospital. EPA-EFE/Georgi Licovski

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: За ПОЖАРОТ во болницата во Тетово има ТРОЈЦА виновни – ЕВЕ КОИ

Обвинителството лоцирало кривична одговорност кај повеќе лица за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Од таму за Сител ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат случајот се уште е во фаза на предистрага.

Дел од медиумите веќе објавија дека кривична пријава ќе заработат 3 физички и едно право лице но во Државното обвинителство ниту ја потврдуваат ниту демантираат оваа информација.

Од таму велат само дека кривични пријави ќе има но без да прецизираат детали за колку лица успеале да обезбедат докази. Велат дека деталите ќе ги добиеме наскоро кога и официјално ќе биде пондесено обвинението.

Пожарот во модуларната болница во Тетово изби вечерта на 8 септември минатата година а по истрагите во кои беа вклучени и германски експерти се заклучи дека причина е продолжен кабел на кој бил вклучен дефибрилатор. Во страотните пламени јазици животот го загубија 12 пациенти и две лица кои биле со нив како придружба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!