ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена снимка како Талат Џафери пцуе по вработени во Собранието (ВИДЕО)

„Сите служби од седници, веднаш кај мене! Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден! … ви ебем! Вие што сте на плата и уште си ебавате мајката овде. А бе бегај таму! Бегај таму! БЕГАЈ! СУС БРЕ ДА ТИ ЕБАМ, ШТО БАРАШ… БЕГАЈ ТАМУ, ИЗЛЕЗИ!

Ова е снимка од расправата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со служби од законодавниот дом, веројатно станува збор за неговата расправа со обезбедувањето на Собранието по завршувањето на вчерашната седница кога, според некои медиуми дошло до сериозен вербален инцидент меѓу спикерот на Собранието Џафери и припадници на собраниското обезбедување.

По завршување на седницата членови на собраниското обезбедување согласно протоколот влегле во салата за да ја проверат просторијата на пленарната седница по што Џафери им се обратил со погрдни зборови на членовите на обезбедувањето.

Дел од пратениците на власта кои биле сведоци на инцидентот сведочат за пцости и закани дека ќе бидат избркани од работа.

Според пратеник на СДСМ спикерот Џафери кој бил во ,,чудна емотивна ситуација” најверојатно помислил дека обезбедувањето дошло да го проверува него по што почнал со навредите.

Ниту еден од членовите на обезбедувањето на Собранието не се спротивставил на вебалното насилство на спикерот по што тие ја напуштиле пленарната сала на Собранието, тврдат очевидци на настанот кои се шокирани од однесувањето на спикерот.

Предходно Џаефри за малку избегна физичка пресметка со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!