ЕЗЕРОТО ПРЕСУШИ, а на ДНОТО – ХОPОP! „Веројатно ќе најдеме УШТЕ ТЕЛА…“, соопшти полицијата

Локален жител кој поминувал време покрај езерото пронашол буре во неделата попладне. Во него видел човечки остатоци бидејќи бурето кородирало со текот на времето, објави Си-Ен-Ен.

Според полицијата во Лас Вегас, се верува дека лицето во бурето било жртва на убиството и дека починало од пр ост релна рана. Истрагата е во тек и детективите процениле дека жртвата била убиена помеѓу средината на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, врз основа на нејзината облека и чевли. Се очекува судскиот совет на округот Кларк да го потврди идентитетот на жртвата.

Си-Ен-Ен истакнува дека 25 милиони жители на Аризона, Невада, Калифорнија и Мексико се наоѓаат на водата од езерото Мид, кое исчезнува со алармантна брзина поради „мега сушата“ поттикната од климатските промени.

– Езерото драматично пресушило во текот на изминатите 15 години… Бурето веројатно било фрлено на стотици метри од брегот во тоа време (седумдесеттите), но таа област сега се смета за крајбрежје – изјави полицискиот претставник Реј Спенсер.

„Веројатно ќе најдеме уште тела фрлени во езерото Мид додека нивото на водата опаѓа“, додаде тој.

Во понеделникот нивото на водата во езерото беше на околу 320 метри надморска височина, што е за околу 50 метри помалку од нивото од 2000 година, кога последен пат се сметаше за полно. Ова е најниското регистрирано ниво од полнењето на резервоарот во 1930-тите, според Си-Ен-Ен.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!