Во СВР Штип вчера било пријавено дека на ул. „Брегалничка“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(41) од Штип излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.