Апелациски суд ја укина забраната за ПРОДАЖБА НА ОРУЖЈЕ НА МАЛОЛЕТНИЦИ во Калифорнија

Сојузната држава Калифорнија со забраната за продажба на полуавтоматско оружје на лица помлади од 21 година го прекршува Уставот на земјата, одлучи вчера сојузниот Апелациски суд на САД.

Во последниве неколку години Калифорнија донесе неколку закони за заострување на прописите за продажба на огнено оружје, со кои, според неодамна објавените сојузни податоци, само во 20220 година се поврзуваат повеќе од 45.000 смртни случаи на национално ниво.

На купувачите помлади од 21 година сега им е забрането да купуваат огнено оружје во Калифорнија, но новиот закон што стапи на сила на 1 јули 2021 година, додаде забрана за продажба и на полуавтоматско оружје.

Овој нов закон беше оспорен од неколку поединци и групи кои лобираат за поседување оружје, а случајот стигна до судовите.

Со две едногласни гласања, судиите на деветтиот Апелациски суд утврдија дека законот го прекршува Вториот амандман на Уставот на САД, што наведува дека Американците имаат право да „држат и да носат оружје”.

„Америка немаше да постои без херојството на младите луѓе кои се бореа и загинаа во нашата револуционерна армија”, напиша судијата Рајан Нелсон, мислејќи на Американската војна за независност пред речиси 250 години.

„Денеска потврдуваме дека нашиот Устав сè уште го штити правото што им дозволи да се жртвуваат: правото на младите да поседуваат и да носат оружје”, додаде Нелсон, кој беше номиниран за судија од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Одлуката на Апелацискиот суд не влијае на забраната на Калифорнија за продажба на огнено оружје на поединци помлади од 21 година, што е законска возраст на која поединците можат да купат алкохол во САД.

Според Истражувањето за мало оружје, до 2017 година во САД поединци поседувале приближно 393 милиони парчиња огнено оружје или повеќе од едно парче по лице.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!