ПАТУВА СО ЌЕСА КРВ И НЕ САКА СУПИ И КОМПИРИ: Чудните навики на кралицата Елизабета

Англиската кралица Елизабета Втора која неодамна го прослави 96. роденден има секојдневие исполнето со чудни, но и уникатни навики. Дел од нив имаат логично објаснување, но дел се дури и безначајни и смешни.

Кралицата не е обожавател на коцките мраз бидејќи тие произведувале звук кој и пречел, но затоа пак во палатата има специјална машина за производство на мраз во форма на топчиња, чиј звук бил попријатен за ушите на кралицата.

Кралицата Елизабета никогаш не патува без ќеса од својата крвна група, за ова е задолжен тим од лекари кои се грижат за нејзиното здравје. Овој тим потребно е да ги знаат сите болници во градовите каде таа оди во посета.

Во Бакингемската палата има правило дека е забрането да се отвораат прозорците, а причина е дека со отворените прозорци ќе се расипе впечатокот на совршен изглед на палатата.

Секоја модна комбинација на кралицата има свој реден број што ја покажува и приликата кога таа ја носела. Таа е љубител на светли бои и класичен стил на облекување,комбинациите во тој случај може лесно да се мешаат, а исто така многу се внимава таа да не се појави двапати по ред на некој настан во иста комбинација.

Иако со години кралицата се одлучува за ист модел на чевли од ист бренд, таа не сака да ја чувствува непријатноста од потполно нови, крути чевли, па пред да ги облече, тие мора да бидат добро разгазени од помошничка која го носи истиот број како и кралицата.

Задолжителен предмет во чантата на крлаицата е специјално дизајниран држач за чанта кој наликува на кука, а на кој чантата можеда се закачи лесно и брзо.

Кралицата не е љубител на супа и компири. Компирот не дека не ѝ се допаѓа, туку таа смета дека не е добар за нејзината исхрана.Омилено овошје на кралицата се малините, но никогаш не ги консумира војавност бидејќи лесно се заглавуваат меѓу забите, а тоа не е прифатливо за неа. Па затоа бобинките се строго забранети во палатата, како и краставиците и доматите кои прво треба темелно да се исчистат пред да бидат послужени.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!