ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАФАТИ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА: Пламените јазици земаа четири човечки животи – Голема трагедија во Бугарија

Вкупно четири лица загинаа во пожар во домот за стари лица „Свети Ѓорѓија“ во областа Сотира, во близина на Варна во Бугарија, соопшти регионалната полициска управа, а пренесе бугарската телевизија Нова.

Според овие информации, во пожарот загинатите се тројца мажи, на возраст од 70, 73 и 88 години, како и една жена.

Пламените јазици избувнале синоќа неколку минути пред 3:00 часот по полноќ од една од собите во приземјето, а вработените во домот првично се обиделе да го изгаснат пожарот со рачен алат.

Од домот за стари лица евакурани се 20 луѓе.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!