четврток, 28 септември, 2023

НЕ БИ ВИ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ: Исклучете го овој мал уред преку ноќ и сметката за струја ќе биде значително помала

Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, веројатно немате на ум дека тоа би бил и рутерот за поврзување на Интернет.

Но, ако го оставите цел ден, ќе троши струја исто како и фрижидерот.

Затоа, треба да обрнете внимание на енергетските перформанси на рутерот пред да го купите и да се уверите дека има најмала можна потрошувачка на енергија кога е вклучен во режим на подготвеност.

Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) тврди дека ова е особено важно доколку рутерот не може да се исклучи бидејќи користи и телефонска линија.

Ако е така, советот е да набавите рутер кој има опција барем да го исклучи wi-fi кога не е во употреба.

Коментари

коментари