понеделник, 15 август, 2022

Полицијата уапси ТРОЈЦА ОСОМНИЧЕНИ дека му го запалиле „Аудито“ на Шилегов – ОВА се деталите

Полицијата вчера уапсила тројца кои се осомничени дека пред еден месец го запалиле џипот на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пишува СлободенПечат.

Како што информираат од МВР, уапсени се А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје и против нив е поднесена кривична пријава до Основното обвинителство Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.

„На 27 април, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б. и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „Ауди“, од кој биле зафатени три други возила, „Фолксваген Пасат“, „Нисан“ и „Даеву матиз”, велат од МВР, пренесува СлободенПечат.

Извор: СлободенПечат

Коментари

коментари

error: Content is protected !!