недела, 25 септември, 2022

Ограбен е Шкодран Мустафи- му украле предмети ВРЕДНИ МИЛИОН ЕВРА

Ограбен е Шкодран Мустафи, поранешниот дефанзивец на Арсенал и на германската репрезентација, пишува британски Мирор.

Велат дека од неговата куќа во близина на Валенсија во неделата исчезнале работи вредни речиси милион евра, како пари, накит, часовници и чанти. Денешниот член на Леванте за тоа време спиел на катот.

Според Мирор, тројца мажи со качулки преку теренот за голф стигнале до куќата на Мустафи, по што се вовлекле низ балконот. Се проценува дека го пребарувале неговиот имот околу 30 минути пред да се разбуди. Потоа побегнале.

Шпанскиот Superdeporte, пак, додава дека 30-годишниот дефанзивец на социјалните мрежи објавил фотографии од куќата каде што провалниците го планирале грабежот. Мустафи го пријавил инцидентот, а истрагата е во тек. Мирор пишува и дека Мустафи има повеќе спортски автомобили во својата колекција и мотоцикл како оној што го има Бетмен.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!