ИЧ ДА НЕ МЕ БАРАТЕ ЗА НАСТАП, ДУР СУМ ЖИВ: Игор Џамбазов остро „распали“ по „кафеанџиите“

Игор Џамбазов им се налути на „кафеанџиите“, поточно на сопствениците кои за многу повеќе пари ангажираат полуанонимни пејачи и пејачки од Балканот, наместо да повикаат македонски изведувачи.

Џамбазов на својот Инстаграм профил јавно се обрати, а потоа истото го сподели и на Фејсбук.

– Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен … дур сум жив. Идемо садаааа … Балкан горииииии … – напиша Џамбазов.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!