понеделник, 15 август, 2022

(ФОТО) ПАДНАА ДЕЛОВИ ОД ФАСАДАТА НА ВЛАДАТА

Делови од фасадата на зградата на владата се откорнале и паднале во текот на утринските часови. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите.

Парчиња од гипс и стиропор во моментов се уште се наоѓаат на тревникот околу објектот. Промената на објектот на фасадата на владата, инаку авторско архитектонско решение кое во свое време било наградувано, беше критикувано како едно од најпроблематизираните интервенции во рамки на „Скопје 2014“.фасадата на владата чинеше 17,6 милиони евра.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе и наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на владата. Од институцијата соопштија дека во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и осветлување на објектот на владата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!