Оставката како што се наведува во соопштението на Владината прес служба е поднесена поради скандалот со забавите за време на ковид кризата.
Министерот за правда на Велика Британија поднесе оставка поради скандалот со забавите за време на ковид кризата.
Министерот за правда на Велика Британија, Лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради скандалот со забавите и прекршување на антиковид-правилата во земјата.
Опозицијата во Велика Британија побара оставки од премиерот Џонсон и министерот Сунак .
Волфсон во писмото испратено до премиерот, што го објави и на својот Твитер-профил, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“.
Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена.
Волфсон е прв член на британската влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.
Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата.
Извор: Канал 5