понеделник, 28 ноември, 2022

КОНЕЧНО: Главниот кризен штаб донесе ОДЛУКА – БЕЗ МАСКИ во маркети, молови и затворен простор, се чека одлука на Владата

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Конечно на листата се најдоа и заштитните маски, откако веќе имаше бројни реакции од граѓаните и препораки од стручни лица дека е време да се прекине мерката за задолжителна употреба на заштитните маски на затворено.

Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.

Од нивниот амин зависи дали на утрешната владина седница ќе паднат маските во затворен простор и укинување на изолацијата за контактите.

За разлика од кај нас, во соседните земји многу побрзо ги носат одлуките кои се од важност за граѓаните. Последен ваков пример е Грција каде тамошниот министер за здравство најави дека од 2 мај паѓаат сите рестрикции.

Освен за грчките државјани тоа е важно и за странските туристи кои без сертификати и брзи тестови ќе ја поминуваат грчката граница. Олабавувањата кај нашиот грчки сосед ќе бидат до наесен кога повторно ќе се фокусираат на имунизацијата на населението.

Изминатите месеци и во Данска, Холандија, Хрватска, Шпанија речиси и да нема мерки за вирусот а некои ковид 19 веќе го третираат како обична настинка.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!