Само СЕМЕЈСТВОТО знаело за НЕГОВАТА СОСТОЈБА, успешно криел од јавноста: Познатиот тренер боледува од тешка болест

Само семејството и пријателите знаеле за болеста на славниот тренер, но тој успешно ја криел својата здравствена состојба од играчите и јавноста.

Селекторот на холандската репрезентација, 70-годишниот Луј ван Гал, во телевизиско интервју за холандскиот РТЛ објавено вчера вечер, објави дека боледува од агресивен pак на простата и дека веќе бил подложен на 25 третмани со зpачење.

Последните зрачења ги имал ноќта пред ждрепката за Светското првенство во Доха, каде неговата репрезентација е сместена во групата А заедно со домаќинот Катар, Сенегал и Еквадор. „Во повеќето случаи, ракот на простата не се уништува. Кога ракот се јавува во оваа форма, многу е поверојатно тоа да биде смртоносен коморбидитет“, рече поранешниот европски шампион со Ајакс (1995) и тренер кој со Барселона и Баерн ги освои домашните титули, и го предводеше Манчестер Јунајтед.

„Имав преференцијален третман во болницата. Влегов на задната врата, беа прекрасни. Како и моето семејство кое знаеше дека сум болен. Фактот што јавноста не знаеше ништо за тоа, доволно зборува за мојата околина. ”

Ова е трет мандат на Ван Гал на холандската клупа, која прво ја водеше од 2000 до 2001 година, а потоа и од 2012 до 2014 година, а си замина по освоеното трето место на Светското првенство во Бразил.

Ван Гал најави дека се пензионира во 2019 година, но минатата година ја прифати поканата од Холандскиот фудбалски сојуз уште еднаш да седне на клупата. Тој рече дека сака играчите да останат фокусирани на нивниот настап на Светското првенство, кое Холандија ќе го отвори на 21 ноември со мечот против Сенегал.

Откако ја откри својата здравствена состојба, Ван Гал доби бројни пораки за поддршка од фудбалскиот свет. „Нашите мисли и молитви се со нашиот поранешен тренер Луј ван Гал. Останете силни и оздравете“, порачаа од Барселона преку Твитер.

„Во име на европската фудбалска заедница, му испраќаме најдобри желби за опоравување на холандскиот селектор. Луј, сите сме со вас“, се вели во пораката на Твитер испратена од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!