недела, 25 септември, 2022

МИСТЕРИЈА: ТУРЧИН ПОЧИНАЛ НА КЛИНИКА Побегнал човекот со кого дошол во болница

На 02.04.2022 Р.Е. (34) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во Скопје на ул. “Радован Ковачевиќ”, движејќи се со своето возило забележал две непознати машки лица, од кое едното барало помош, а другото било повредено.

Потоа Р.Е., според негово кажување, ги качил во своето возило и ги однел во Комплексот клиники “Мајка Терза”. Откако ги внеле внатре, едното лице незабележано заминало, додека на другото повредено лице му била пружена лекарска помош, при што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Од страна на полициски службеници констатирано било дека се работи за М.К.(42) од Република Турција. Истиот ден околу 19.30 часот М.К: починал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!