„КОБРАТА“ ПАНЧЕВ: Пандев има голем придонес за македонскиот фудбал, но загуби и од Андора

Дарко Панчев е воодушевен од работата на селекторот Благоја Милевски и побара од Фудбалската федерација на Македонија да му го продолжи договорот.

Во интервју за германскиот „Франкфуртер Алемајне цајтунг“, популарната Кобра вели дека Милевски е најдобриот македонски селектор досега и треба да остане на кормилото на репрезентацијата.

Милевски има актуелен договор со ФФМ до 2024 година.

„Да сум претседател на Федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на Милевски и би му понудил нов четиригодишен договор. Импресиониран сум од неговата работа, концептот, особено што имаше голем успех и со младинците. За мене тој е најдобриот македонски селектор“, изјави Панчев.

Ривалитетот со Горан Пандев повторно дојде до израз, а Панчев вели дека е неспорен придонесот на поранешниот капитен, но и го „пецна“ струмичанецот.

„Неспорно голем е придонесот на Пандев за Македонија. Никој не може да заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија, што ни донесе прв пласман на Европско првенство. Но, не може да се заборави и дека со Пандев, Македонија загуби од една Андора. Сега имаме генерација со Барди, Алиоски, Елмас, Адеми, што може да ѝ донесе многу радост на Македонија“, додаде Панчев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!