четврток, 2 февруари, 2023

ТАЖНО: СУЗАНА МАНЧИЌ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА – Загубив три бебиња, трите беа машки

Поранешната лото-девојка Сузана Манчиќ неодамна првпат проговори за трагедиите што ги преживеала. Таа трипати имала спонтан абортус.

„Првото бебе го загубив во третиот месец од бременоста. Тогаш се утврди дека имам двојна матка. Кога втор пат останав бремена, во вториот месец имав компликации и лекарот изврши киретажа,“ изјавила Сузана за српскиот магазин „Хелоу“.

Третата вечер по интервенцијата, таа се разбудила во крв. Ја прегледал друг лекар, кој ја прашал за прекинатата бременост.

„Му кажав дека имав киретажа, а тој го сврте екранот кон мене и ми покажа недопрен плод. Скокнав од креветот и почнаа да ми течат солзи. Носев близнаци, а вториот плод ја преживеал киретажата,“ додала Манчиќ.

Детето го загубила во четвртиот месец од бременоста. Последното бебе го загубила во шестиот месец од бременоста.

„Тогаш се породив, но бебето не преживеа. Најстрашно беше кога ми донесоа да потпишам умреница,“ ја завршила Манчиќ својата приказна.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!