понеделник, 15 август, 2022

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Шест лица загинаа, 10 се повредени откако автомобил удри во луѓе на белгиски карневал

Автомобил удри во група изведувачи на белгиски карневал со голема брзина, при што загинаа шест, а се повредени десет лица кои се подготвувале за парада рано денеска, соопштија властите. Според нив, инцидентот не личи на милитантен напад.

– Во оваа фаза, нема елементи кои сугерираат дека нападот имал терористички мотив, изјави обвинителот Демиен Верхејен на прес-конференција.

Полицијата ги демантираше извештаите на медиумите дека автомобилот бил вклучен во полициска потера. Инцидентот се случил во јужното белгиско село Стрепи-Бракенис околу 5 часот утрото.

Жак Гобер, градоначалник на соседниот град Ла Лувиер, рече дека меѓу 150 и 200 луѓе се собрале за да се подготват за годишниот карневал.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!