Уметничкото училиште кое се користело како засолниште во опколениот град Мариупол е бомбардирано од руските сили, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол на својот канал на Телеграм.
Околу 400 луѓе се засолниле во зградата, која била уништена во нападот, соопшти Советот.
Информациите за жртви сè уште се нејасни, но луѓето остануваат заробени под урнатините.
Сè уште не е јасно колку луѓе го преживеале нападот на театарот во градот во средата.
Сателитската снимка објавена вчера покажа дека две третини од зградата – која исто така се користела како засолниште – била целосно уништена. Театарот беше јасно означен со зборот „деца“ со големи руски написи видливи од воздухот. Проценките за тоа колку луѓе имало внатре во моментот на нападот се движат од 800 до 1.300.