Чекајќи да купи ПОЕВТИНО масло за јадење, постар маж 3АГИНА во Бургас – Во Македонија масло за јадење ИМА, уверуваат надлежните

Чекајќи во редица за да купи масло за јадење во продавница, седумдесет и четиригодишен маж загина во Бургас, јавуваат медиумите во Бугарија.

Тој загинал додека чекал во редица за масло во еден од поголемите маркети во комплексот каде маслото било на промоцијата.

Според информациите од Бугарија, човекот по долго чекање, починал покрај палетите со овој производ. Брза помош пристигнала на местото на настанот, но, за жал, само констатирала смрт.

Потрошувачите објавија и видео на социјалните мрежи од луѓе кои трчаат до продавницата, за да ја искористат промоцијата.

Кај нас надлежните уверуваат дека нема портеба од паника и има доволни количини на залихи на масло за јадење.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи.

Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени производи се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.

-Има доволно количини на основни прехранбени производи од домашно производство. Северна Македонија има многу подобри цени споредено со земјите во регионот, а цените дополнително ќе се намалат во наредниот период и како резултат на одлуката за намалување на маржите и како резултатите на намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи од 5 на 0 отсто за што законското решение беше донесено вчера од страна на пратениците во Собранието – вели Бектеши.

Генералниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски а во чија сопственост е и фабриката „Брилијант“-Штип потенцираа дека ги следат одлуките кои што ги носи Министерството за економија и најтранспарентно ги спроведуваат.

-Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство. Нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини. Ние како производител на масло за јадење ги следиме и најтранспарентно ги спроведуваме одлуките на Министерството за економија – вели Наумоски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!