БиХ: Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево на подрачјето на Босна и Херцеговина, со епицентар во близина на Тузла.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран во 15:17 часот по локално време, со епицентар на 15 километри северозападно од Тузла.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри, а освен во Тузланскиот кантон, потресот бил почувствуван и во Сараево, Завидовиќи, Тешањ и Жепче.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, засега нема пријави за материјални штети од земјотресот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!