Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цените на горивата со која истите од полноќ поскапуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,722 ден/кг.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!