Три лица ги загубија животите, 18 се повредени во автобуска несреќа што се случи утринава во Истанбул

v

Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа што се случи утринава во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија.

Патнички автобус на линијата Черкежка-Ајдин излетал од патот што води кон автопатот Кузеј-Мармара и паднал во провалија длабока 30 метри.

Во инцидентот повредени се 18 лица кои се згрижени во болниците во Истанбул.

Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот привремено е во прекин.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!