22 годишниот Јордан Ѓорѓиевски кој беше зад воланот во возилото кое ја прегази веќе е во притвор, но се најавува жалба. Таткото на момчето на починатата Викторија кое беше со неа на пешачкиот премин и помина со лесни повреди, но тешки трауми на социјалните мрежи најави правна битка.
„Има ли цена убиството на Викторија и обидот за убиство на мојот син? Правната битка допрва почнува и позади нас веќе стои целата македонска јавност.“ – напиша Даниел Даов.
Убиецот што ја уби Викторија и се обиде да го убие мојот син но не успеа да го стори тоа физички, ама му ги уби емоциите, му ја уби едната половина засекогаш, Зарем тој заслужува некаква иднина? Тој-Убиецот уништи една прекрасна иднина.
Зарем Убиец треба да биде сместен во удобна домашна постела?
Зарем навистина некој ќе го пушти да избега?
Има ли цена убиството на Викторија и обидот за убиство на мојот син?
Правната битка допрва почнува и позади нас веќе стои целата македонска јавност која никогаш повеќе нема да дозволи Неправда.
А кој стои позади убиецот Јордан Ѓорѓиев освен еден адвокат Јанковиќ? И можеби некоја голема торба со пари?
Казната мора да биде најголема и не смееме да дозволиме убиецот да избега.
Затоа ја повикувам целата македонска јавност за поддршка!
Почивај во мир Викторија!