АЛАРМАНТНО: Дури и ПОЖАРНИКАРИ во ИЗОЛАЦИЈА повикани да го гасат огнот во „Жито Битола“

Огнот кој попладнево избувна во поранешната фабрика за леб „Жито Битола“ и натаму е активен, а на терен се излезени 9 противпожарни возила со 25 пожарникари. Од Територијалната противпожарна единица во Битола велат дека за интервенирање вечрва се повикани сите пожарникари, како и тие кои се во изолација поради ковид-19.

Како што пренесува МИА, поради сериозноста на ситуацијата повикани се и тие пожарникари кои се во изолација поради ковид.

Превентивно е исклучена струјата во индустрискиот дел од Битола, а затворен е и сообраќајот.

Според тоа што го кажа градоначалникот Тони Коњановски, двајца работници навреме излегле од објектот зафатен со пожарот и дека според информациите, немало други лица внатре.

СВР Битола јави дека не се пријавени повредени лица.

Извор: mkd.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!