ТАЖНО: 24- годишната Викторија Николова погребана во родниот Радовиш

Радовиш и најблиските се простија од 24 годишната Викторија Николова, чие што поминување на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје заврши кобно.

22 годишниот Јордан Ѓорѓиевски кој беше зад воланот во возилото кое ја прегази веќе е во притвор, но се најавува жалба. Таткото на момчето на починатата Викторија кое беше со неа на пешачкиот премин и помина со лесни повреди, но тешки трауми на социјалните мрежи најави правна битка.

„Има ли цена убиството на Викторија и обидот за убиство на мојот син? Правната битка допрва почнува и позади нас веќе стои целата македонска јавност.“ – напиша Даниел Даов.

ТВ 24 го контактираше адвокатскиот тим на ѓорѓиев, отатму ни кажа адека се подготвува жалба и ќе бараат поблага мерка од притворот во шутка. Аргументите би биле дека нема да го повтори делото, бидејќи му е одземена возачката дозвола, но и дека нема да влијае врз сведоците на сообраќајката, бидејќи тие веќе имаат дадено исказ.

Адвокатот Душко Јанковиќ откако судијата во кривичниот суд му одреди мерка притвор на момчето во времетраење од 30 дена синоќа , за а1он изјави дека момчето признало вина и се каело, но вели дека не возел повеќе од 50км на час, а со самото тоа што не биде активирани воздушните перничиња, укажувало на тоа дека не возел со екстремно голема брзина.

Над 100 лица на годишно ниво го губат животот во сообраќајни несреќи. Граѓаните ги прашавме дали се чувствуваат безбедно на улиците?

Доколку во град се вози 50км на час како што е и пропишано, што и да ви излета додека возите има шанса да се закочи да и да се избегне инцидент, без разлика дали улиците се празни или полни, велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Само минатата година над 100.000 казни се изречени за возење со брзина над дозволеното. Токму оваа раскрсница зад мене на булеварот Партизански одреди, што ја чинеше живот 24 годишната Викторија е една од најпрометните раскрсници во главниот град.

Ова не е прв случај тука да се вози со брзина над дозволеното, а сите статистики укажуваат дека најчесто сообраќајните несреќи со смртни последици се токму поради пребрзото возење по улиците.

Извор: 24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!