Балканот ВО ТАГА: Почина ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР, од познатиот бенд ,,Парни ваљак” – Аки Рахимовски

Популарниот пејач Аки Рахимовски (67) починал денес, објавено е на официјалната страница на неговиот бенд ,,Парни ваљак”.

Музичарот кој беше присутен на сцената со децении наназад, и чии хитови се пеат во сите поранешни Ју републики, пред четири години доживеа мозочен удар, по што ги одложи свите најавени настапи.

По шест месеци пауза, тој продолжи со концертите и гостувањата во регионот. Ракимовски по потекло е од Скопје, а во бендот беше активен уште од 1975 година.

Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.

Александар “Аки” Рахимовски (Ниш, Југославија, 5 јуни 1955 – Ново Место, Словенија, 22 јануари 2022) — македонско-хрватски пејач, најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб “Парни ваљак”.

Тој за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Извор: fokus.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!